Свет

„Ошан“ ја купува „Диа“

04 Aug 2023

Шпанската компанија „Диа“ објави дека постигнала договор со „Ошан“ за продажба на бизнисот во Португалија за 155 милиони евра.

Како што соопштуваат од „Диа“, напуштањето на португалскиот пазар ќе ѝ овозможи да се концентрира на стратешкиот фокус ​​на пазарите на кои има посилна позиција.

Во Португалија портфолиото на компанијата го сочинуваат 489 продавници од форматите „Минипресо“ и „Маис перто“, како и три логистички платформи.

Му благодариме на целиот тим во Португалија за вложениот труд и посветеноста во промовирањето на нашиот бизнис во изминатите 30 години. Нивниот придонес беше суштински. Сметаме дека оваа одлука отвора нова фаза за водење бизнис, во рамките на „Ошан“, изјавија од менаџментот на „Диа“.

Трансакцијата ќе биде финализирана до почетокот на 2024 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...