Свет

„Перно Рикар“ и Лени Кравиц го претставија брендот Nocheluna

30 May 2023

Производителот на пијалаци „Перно Рикар“ и музичарот Лени Кравиц во Париз го претставија брендот жестоки алкохолни пијалаци Nocheluna Sotol.

Sotol е вистински, автентичен производ кој постои повеќе од 800 години, но сега е време „Перно Рикар“ да му го претстави на светот, благодарејќи на нашиот единствен пат кон пазарот и нашата стручност во создавањето брендови, изјави Александре Рикар, извршен директор на „Перно Рикар“.

Nocheluna е софистицирана и избалансирана, но и дива, што јас го сакам. Почестен сум што сум тука како амбасадор на овој фантастичен регион и на сјајни луѓе кои произведуваат брендови стотици години, рече Лени Кравиц. 

Со тоа, мексиканскиот бренд влезе на европскиот пазар и е достапен во Франција, Велика Британија, Шпанија и Италија. 

Извор: esmmagazine
Фото: Nocheluna



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...