Свет

„Кампари“ купува дестилерија за речиси половина милијарда долари

08 Nov 2022

 „Кампари“ објави дека се согласил да купи првични 70% од акциите во „Вилдернес треил дестилери“ со седиште во Кентаки за 470 милиони долари.

САД се најголемиот пазар на „Кампари“ и се важни за потенцијалното проширување на компанијата, соопштија од компанијата, додавајќи дека сакаат да развијат бизнис во сегментот на жестоки пијалаци кои треба да стареат подолго во буриња, пренесува Seebiz.

Со додавање на брзорастечкиот суперпремиум бренд Wilderness Trail, дополнително ја прошируваме и подигаме категоријата бурбон во понудата, подготвувајќи ја за позицијата на вториот важен столб на групацијата „Кампари“, по портфолиото на аперитив, изјави извршниот директор на „Кампари“ Боб Кунце - Концевиц.

Вредноста на американската дестилерија според договорот е проценета на 600 милиони долари, што значи дека ќе биде втора најголема аквизиција за италијанската групација, по купувањето на „Гранд Марние“ во 2016 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...