Свет

Цената на пченицата нагло порасна

26 Jul 2022

Цената на пченицата вчера нагло порасна, по ракетниот напад врз украинското црноморско пристаниште Одеса извршен изминатиот викенд кој предизвика сомнеж за спроведувањето на договорот постигнат минатата недела за отворање коридор за извоз на жито од Украина.

Русија, Украина, Обединетите нации и Турција во петокот потпишаа договор за повторно отворање на трите украински пристаништа на Црното Море за извоз на жито. Договорот ќе важи 120 дена, а планиран е месечен извоз од пет милиони тони

Цените на терминските договори за пченица на берзата во Чикаго вчера се зголемија за речиси четири отсто на 7,86 долари за бушел, враќајќи голем дел од загубите забележани во петокот, кога цените паднаа за речиси шест отсто по објавувањето на договорот.

Рестартирањето на украинскиот извоз не само што ќе бара безбеден канал за пловидба на бродовите, туку и безбедни пристаништа. Русите предизвикаа сомнеж за безбедноста на пристаништата уште пред да се исуши мастилото на договорот за испорака. Сомнежот повторно е присутен, рече еден европски трговец.

Украинските поморски пристаништа се затворени од почетокот на руската инвазија во февруари. Некои посеви беа транспортирани со железница и по патишта преку соседните земји како Романија и Полска, но милиони тони се натрупаа на фармите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...