Свет

Украина: „Силпо“ отвара 16 продавници затворени поради војната

18 Apr 2022

Украинскиот трговец на мало „Силпо“ соопшти дека планира повторно да ги отвори своите 16 продавници во Киев, Харков, Чернигов и Суми што беа привремено затворени поради војната во Украина.  

Трговецот, кој е дел од групацијата „Фози“, прецизира дека отворањето ќе биде во следните десетина денови, нагласувајќи дека делумно повторно се отворени и две складишта во близина на Киев, што ќе овозможи снабдување на продавниците. Планираната испорака на стоки е продолжена во 20 градови, се наведува во соопштението. 

Како резултат на повторното отворање, во Киев ќе работат повеќе од 80 „Силпо“ продавници, додека во областа околу КИев ќе работат 18 супермаркети. Покрај тоа, трговецот ќе има 9 супермаркети во Харков, 3 во Суми и два во Чернигов. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...