Свет

„Оркла“ купи синџири пицерии во Германија

08 Oct 2021

Норвешкиот прехранбен конгломерат „Оркла“ ги купува синџирите пицерии „Флаинг пица“ и „Пица планет“, кои имаат 73 продажни места во Германија, за засега непознат износ.

Неодамна, „Оркла“ презеде уште еден синџир пицерии. Трите компании можат да се пофалат со вкупен промет од 45,3 милиони евра во 2020 година. 

Овој деловен потег уследи откако „Оркла“ во јуни годинава откупи 75 отсто акции од водечкиот синџир пицерии во Холандија, „Њујор пица“, кој поседува 342 продажни места во Холандија. Со последната аквизиција, норвешкиот трговец сега поседува 635 пицерии под франшизи, на различни локации во Европа. Компанијата работи во Скандинавија, на Балтикот, на одбрани пазари во Централна Европа и во Индија и оствари промет од 4,76 милијарди евра во 2020 година. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...