Свет

„Лидл“ вложува 1,5 милијарди евра во Шпанија

28 Sep 2021

Германскиот дисконтер „Лидл“ ги објави плановите за вложување на 1,5 милијарди евра во своите шпански операции меѓу 2021 и 2024 година.  

„Лидл“, кој сега има над 17.000 вработени во 630 продавници во Шпанија, планира до 2024 година да отвори повеќе од 150 продавници и четири логистички центри. Овој амбициозен план на проширување одговара на нашата одлучност да продолжиме со јакнење на работењето во државата, соопшти трговецот. 

Инвестицискиот циклус и ширењето првенствено се однесуваат на Мадрид, каде се очекува вложување од над 200 милиони евра и отворање на 50 нови локации во следните четири години. 

Минатата година, „Лидл“ отвори 2.000 нови работни места во Шпанија и ја зголеми националната потрошувачка за 13 отсто, на 5,2 милијарди евра. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...