Свет

„Оркла“ го купува швајцарски „Ханс Каспар“

14 Jul 2021

Компанијата „Оркла“ склучи договор за купување на швајцарската фабрика за кондиторски производи „Ханс Каспар“. 

„Ханс Каспар“, со седиште надвор од Цирих, е специјализиран за производство на посебни состојки на производителите на чоколадо и на сладолед. Повеќе од половина од приходите на компанијата доаѓаат од меѓународна продажба. 

Се очекува трансакцијата да биде заклучена во третиот квартал на 2021 година. 

По завршувањето на аквизицијата, дејноста на „Ханс Каспар“ ќе биде интегрирана во работата на „Орка фуд ингридиентс“ и ќе стане дел од ОВ групацијата (претходно „Оркад валеу фудс“) која во себе вклучува уште три други компании. 

Раководството на „Ханс Каспар“ ќе остане во компанијата и по завршувањето на целата аквизиција, соопштија од „Оркла“. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...