Свет

Повторно спор меѓу Хрватска и Италија за виното „просеко“

05 јул 2021

Хрватска и Италија го обновија спорот околу виното „прошек“ или „просеко“, при што Италија втор пат настојува да ги блокира напорите на Хрватска која сака од ЕУ да добие специјално признание за своето десертно вино. 

Во 2013 година, Италија успешно аргументираше дека називот „прошек“ е многу сличен со италијанскиот назив „просеко“. Потоа, хрватските винари застанаа во одбрана на своето со векови старо вино, „прошек“. Италија, пак, најави дека по секоја цена ќе го брани „просеко“ откако Хрватска аплицираше во ЕУ за специјално признание за „прошек“. 

Хрватските винари се сложија дека двата називи се слични, но новниот аргумент е дека потрошувачите можат лесно да ги разликуваат вината. Од друга страна пак, главното здружение на италијанските земјоделци, „Колдирети“соопшти дека борбата на Хрватска за „просекото“ претставува напад на брендот „Made in Italy".

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...