Свет

ЕУ: Во сила новиот закон против пластика за една употреба

05 Jul 2021

Во ЕУ стапи во сила новиот закон за пакувања, со кој се става крај на пластичните производи за една употреба.

Во Германија и другите членки на ЕУ од определениот датум 3.07.2021 треба да почнат да исчезнуваат производите од пластика за една употреба. Со новиот закон за пакувања би требало да се намали количеството на пластичен отпад. Меѓу другото, со законот се опфатени прибор за јадење од пластика, чинии од пластика, сламки, чаши, вклучително и капачиња за чаши, чепкалки за уши и пластични држачи за балони. Освен тоа, забраната важи и за пакувања за храна за носење од стиропор, како и чаши од стиропор.Трговците сега се обврзани да се префрлат на продажба на вакви производи од материјали кои може да се рециклираат, како стакло или метал. Сепак, она што трговците веќе го имаат набавено од пластичните производи за една употреба и е складирано во нивните магацини, може да се продава додека не се потроши.

Законот дозволува натамошна употреба на влажни марамчиња, влошки, тампони и производи од тутун со филтер, но тие во иднина треба на пакувањето или на самиот продукт да имаат и информации за содржината, како и да биде наведено какви последици за животната средина би имало неправилно постапување по нивната употреба.Германската министерка за екологија Сенја Шулце ги поздрави новите правила во Германија и ЕУ и оцени дека „забраната наскоро ќе доведе до подобри, поиновативни ипоеколошки производи и решенија“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...