Француските трговци „Ошан“, „Диа“, „Казино“, „Метро“ и „Шивер“ не го продолжуваат договорот за соработка со централната агенција за набавки „Хорајзн“.
Сојузот беше создаден пред три години за да ги координира набавките во Франција и во странство.
Француските регулатори за конкуренција го истражуваа сојузот и трговците што учествуваа во него мораа да преговараат за исклучување на многу категории производи од асортиманот на нивните заеднички трговски марки.
Многу кратко (неколку минути) по објавата за распуштањето на „Хорајзн“, „Казино“ склучи петгодишен сојуз со „Интермарше“. Овој сојуз ќе преговара за условите за набавка од име на двајцата трговци на мало со производители на А-брендови, при што се исклучени приватните трговски марки. Прехранбениот сегмент ќе биде управуван од „Интермарше“, а непрехранбениот – од „Казино“. Трговците ќе соработуваат и на меѓународно ниво, но и во областа на дигитализацијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.