Свет

Франција влезе во рецесија во првиот квартал од годинава

28 May 2021

Франција, која е втора најголема економија во еврозоната, влезе во рецесија во првиот квартал од 2021 година со намалувањето на бруто домашниот производ (БДП) од 0,1 отсто, покажуваат денеска ревидираните статистички податоци.

Заводот за статистика ИНСЕЕ нагло ја ревидираше својата прелиминарна проценка, објавувајќи дека БДП се зголемил за 0,4 проценти во првите три месеци од годинава, наведувајќи дека подоцнежните податоци од градежниот сектор бил многу послаби од првичните.

Ова е втор квартал по ред францускиот БДП да бележи негативен резултат, по падот од 1,5 отсто во последните три месеци од 2020 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...