Свет

„Амазон“ двојно ќе ја зголеми флотата на авиони

22 Feb 2021

Флотата на најголемата светска малопродажна мрежа „Амазон“ ќе се зголеми двојно по големина во периодот од мај 2020-та до јуни 2021 година. 

„Амазон аир“ сега прави просечно 140 летови на ден. 

Воздушната флота на интернет гигантот е важен дел од стратегијата на компанијата да постигне сè поамбициозни еднодневни и дводневни цели за испорака. Компанијата започна со тестирање на операциите со воздушно карго во Вилмингтон, Охајо, во 2015-та година. Оттогаш, „Амазон аир“ рапидно расте, особено за време на пандемијата на коронавирусот.

Летовите од аеродромите во Кентаки и Охајо, каде се наоѓа седиштето на „Амазон“, веќе го поврзуваат „Амазон“ со поголемиот дел од населението во САД.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...