Свет

„Амазон“ се шири во Италија

20 Jan 2021

Американскиот онлајн трговец „Амазон“ отвора две нови локации во Италија до крајот на оваа година, во Новара и во Модена.

Амбициозниот план предвидува вработување на 1.100 работници во следните три години.  

На денот на отворањето, бројот на вработени ќе биде 9.600, објавија од компанијата. Се очекува дека новите локации ќе почнат со работа од есенва. Инвестицијата е вредна 230 милиони евра.

Новите објекти ќе ги исполнуваат сите еколошки стандарди, соопштија од „Амазон“, кој во последните 10 години во Италија вложи 5,8 милијарди евра.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...