По повеќегодишни подготовки, „Амазон“ конечно покрена интернет аптека наречена „Амазон фармаси“.
Компанијата најави дека ќе почне да им продава лекови на американските купувачи, што беше очекуван потег.
Интернет аптеката на гигантот почна со работа во време на незапамтена здравствена криза во цел свет. Во почетокот, „Амазон“ планира да продава вообичаени лекарства. Но, ќе почне да им испорачува и лекови на рецепт на квалификувани купувачи, како на пример инсулински инекции, лекови за заболени од грип, но и вакцината на „Фајзер“ за Ковид-19.
Корисниците на интернет платформата кои немаат регулирано здравствено осигурување, генеричките лекови можат да ги купат со попуст до 80 отсто.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.