Регион

ЕК ја одобри концентрацијата на „Фортенова група“ и „Меркатор“

23 сеп 2020

Европската комисија (ЕК) ја одобри намерата за концентрација со која хрватската „Фортенова група“ стекнува контрола над „Деловни системи Меркатор“ од Словенија.

За територијата на Србија, БиХ, Црна Гора и Македонија пријавата е поднесена до надлежните локални регулатори за заштита на пазарната конкуренција и концентрацијата ја одобрија сите национални тела, освен Комисијата за конкуренција на Република Србија.   

Радосни сме поради оваа одлука на Европската комисија, да го одобри преносот на „Меркатор“ од „Агрокор“ на „Фортенова група“. Веруваме дека наскоро ќе следи одобрување и од српската Комисија. Со тоа се отвора пат преносот на „Меркатор“ да се реализира до крајот на оваа година и од 2021 година малопродажбата на „Фортенова груп“ да настапи како заедничка, регионална групација, изјави Фабрис Перушко, главен извршен директор на „Фортенова груп“.  

Силниот сопственик ќе му овозможи на „Меркатор“ натамошен раст и развој и ќе ги поддржи неговите стратешки проекти, вклучувајќи и инвестиција во нов логистички центар во Љубљана вреден 130 милиони евра. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Месната индустрија „Браќа Пивац“ планира инвестиција во Љубушки

06 окт 2020

Хрватска: „Орбико Адриа“ отвори нова веб-страница

06 окт 2020

Хрватска: „Кока кола ХБЦ“ го претстави брендот Costa Coffee

06 окт 2020

Акција за собирање храна во објектите на „Делез“-Србија

06 окт 2020

„Конзум“ ќе ги намали цените на повеќе од 1.000 производи

06 окт 2020

„Имлек“ донираше млечни производи за Прифатилиштето за деца во Белград

06 окт 2020
Вчитува уште новости...