Пред претстојниот Светски ден на чистење, „Хофер“ - Словенија собра 12.907,50 евра, а средствата се наменети за словенечката организација „Еколози без граници“.
Средствата беа собрани од продажбата на нивната одржлива торба „Less is more“, а тие се наменети за прочистување на словенечките води и функционирање на услугата Зелен телефон за пријавување на диви депонии.
Исто така, малопродажниот синџир ги покани сите свои вработени и сите Словенци да им се придружат на милиони луѓе ширум светот во кампањата за Светскиот ден на чистење оваа сабота, 19 септември, со индивидуална или групна акција во нивното непосредно опкружување.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.