Регион

„Палома“ оствари добивка од 1,6 милиони евра

09 сеп 2020

Компанијата „Палома“ за 2019 година оствраи 80,5 милиони евра приход и чиста добивка од 1,6 милиони евра.

Се фокусиравме на подобрување на продажните перформанси и подобрување на дистрибуцијата. Иако вкупната продажба минатата година беше за околу 1,5 милиони евра помала од годината претходно, 2019 ја завршивме позитивно, додека загубата во 2018 година изнесуваше дури 3,6 милиони евра. Поради строгиот фокус на управување со продажбата, генериравме 5,9 милиони евра добивка EBITDA, додека полниот потенцијал на усвоените промени ќе се види дури оваа година, соопштија од „Палома“.

Меѓу другото, компанијата лани имаше повеќе од 500 вработени, а своите вложувања ги насочи кон купување висококвалитетни материјали. Клучен проект за работењето во иднина е поставување нови машини за производство на хартија, подобрување на возниот парк и нови линии за рециклирање хартија. 

Со помош на најважниот инвестициски проект, нова машина за хартија со годишно производство од 65.000 тони, компанијата ќе ги зголеми производството, конкурентноста и пазарниот удел на клучните пазари. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...