Регион

„Мегле“ до крајот на годинава го гаси производството во Хрватска

17 Jul 2020

„Мегле“ до крајот на годината ќе го запре производството во Осиек, при што отказ ќе добијат 160 работници чии работни места се укинуваат. 

Групацијата со седиште во Германија спроведува процес на оптимизација на целокупната работа со цел да постави долгорочно одржливи модели на работење на сите пазари. Според тоа, беше донесена одлука и за гасење на производството во Осиек, што треба да се случи до крајот на годинава, соопштија од компанијата. 

Од таму најавија дека од 1 јануари 2021 година, „Мегле“ во хрватска ќе работи преку „нов модел“. 

Одлуката е донесена поради долгогодишни деловни предизвици и низа кризи кои негативно ѝ влијаеја на компанијата. 

Согласно одлуката за гасење, „Мегле“ ќе ги раскине договорите со кооперантите. Обврските на компанијата кон нив ќе бидат целосно исполнети, исто како и обврските кон вработените кои ќе добијат отпремнини. 

„Мегле“ во Хрватска работи од 1996 година. Во последните 15 години, компанијата вложи повеќе од 130 милиони куни во работењето на хрватскиот пазар. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...