„Апатинска пивара“ достави заштитни средства до повеќе од 1.500 кафулиња и ресторани низ цела Србија.
Поделени се 45.000 ракавици, 23.000 маски и 3.000 литри дезинфекциски средства.
Кога угостителските објекти во Србија почнаа со работа на почетокот од мај, препорачаните мерки за заштита останаа во сила, што значи дека вработените во тие објекти мора да носат заштитни маски и ракавици, како и да ја интензивираат дезинфекцијата на целиот простор. Исто така, во сила е и мерката што го пропишува растојанието меѓу масите и столовите.
Со донирање заштитна опрема, сакавме да ги поддржиме угостителските објекти, келнерите и гостите. Веруваме дека ова дополнително ќе придонесе за со заеднички напори, сите да се чувствуваме побезбедни, велат од „Апатинска пивара“.
Од пиварницата додаваат дека сите резерви што постоеле во угостителските објекти, ќе бидат заменети со ново, свежо пиво.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.