Регион

„Пепсико“ донира над 200.000 долари за Западен Балкан

18 May 2020

Компанијата „Марбо продукт“, дел од интернационалната компанија „Пепсико“ која веќе 11 години работи на пазарите на Западен Балкан, упати донации во вредност од повеќе од 200.000 долари за потребите на здравствените институции и на граѓаните кои живеат во најсиромашните општини на Србија и Босна и Херцеговина. 

Во соработка со Фондот Б92, донирани се средства за набавка на медицинска опрема, на Министерството за здравство на Србија. Во соработка со компанијата „Марбо“, дел од донацијата е наменет за загрозени домаќинства во двете држави. 

Овие 200.000 долари се дел од помошта што компанијата ја обезбеди за држави ширум светот, за да ги зајакне заедниците во кои „Пепсико“ работи. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...