Тројца млади луѓе од Гросупље го развија уредот Cash Cleaner, кој со помош на УВ-зраци дезинфекцира до 100 банкноти во минута.
Целта на овој изум е да се спречи проширувањето на корона вирусот преку парите.
Еден од членовите на тимот – Жан Брезец, вели дека се договориле со неколку словенечки банки за употреба на машината, а од следната недела веќе ќе почне и тестирањето во една од банките.
Истражувањето, спроведено на примерок од 230 луѓе, покажало дека повеќе од половината испитаници се загрижени дека вирусот може да се пренесе преку парите.
Уредот наречен Cash Cleaner, дезинфекцира до 100 банкноти во минута со помош на УВ-зраци, технологија што се користи за дезинфекција на болниците, лабораториите, канцелариите и сличните простори.
Засега може да произведеме еден уред дневно, а поголемо количество нарачки би ни обезбедиле оптимизација на процесот и би можеле да произведуваме и до 100 уреди месечно, изјави Брезец.
Тој додава дека досега на пазарот постоеле три конкурентни решенија. Првиот уред е од Јужна Кореја, проектиран за време на епидемијата од МЕРС во 2012 година, но тој користи поинаква технологија. Во Кина постојат неколку УВ-кутии за дезинфенција на пари, но секоја банкнота не е изложена на светлата. Третото е стартап-решение од Турција, кое ќе биде наменето за дезинфенција на кешот од банкоматите, но неговата имплементација се планира за 2023 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.