Секи стана дел од тимот на „Франк“ на почетокот на април преземајќи ја позицијата директор за маркетинг, водејќи го стратешкото планирање и управување со брендовите на оваа компанија.
На новата позиција ќе биде одговорен и за развој на стратегијата за иновации на пазарите во Хрватска и регионот, како и понатамошна дигитализација на маркетиншките и продажните канали.
Звонимир Секи во „Франк“ доаѓа од „Јамница“ каде од 2016 година, како директор за маркетинг, бил задолжен за развој и имплементација на маркетинг-стратегијата за пазарите Хрватска, Словенија, БиХ, Србија и Унгарија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.