Регион

Дрогериите „Туш“ ја претставија новата интернет-продавница

21 Apr 2020

Како одговор на кризата предизвикана од пандемијата корона вирус, дрогериите „Туш“ им овозможија на купувачите пазарување преку интернет.

Од компанијата порачуваат дека на купувачите на располагање им се повеќе од 1.000 производи, а во наредниот период планирано е проширување на асортиманот што ќе биде достапен на интернет.

Особено ни е драго што со овој потег може да дојдеме до купувачите што не се во можност да дојдат во нашите продавници, а доставата е обезбедена во секое село и град во словенија, соопштија од „Туш“.

Како што објаснија од „Туш“, на интернет-продавницата може да се најдат производи за жени, мажи но и за бебиња. Тие додаваат дека досега интернет-продавницата бележи добра продажба.

 На купувачите им овозможивме купување преку онлајн-продавница, која е одговор на ситуацијата предизвикана од корона вирусот. Истовремено, сметаме дека интернет-продажбата е иднината, така што ова е почеток на нова приказна, која има многу поглавја, истакнуваат од „Туш“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...