Регион

„Меркатор БиХ“ ги награди своите вработени

12 Apr 2020

Со желба да им се заблагодарат на своите повеќе од 1.100 врботени-херои што работат во „Меркатор БиХ“, трговецот одлучи да ги награди.

Времето во кое работиме е многу тешко и ова е одговорна работа во сосема необични околности. За да им искажеме благодарност, одлучивме да ги наградиме со дополнителна материјална награда. Покажавме дека сме едно големо семејство кое се грижи за сите нас и продолжуваме така и понатаму, истакна Ахмет Коштреба, директор на „Меркатор БиХ“.

Тој истакна дека се обезбедени услови за непречено работење во сите наши продавници, максимално го е намален ризикот и воведени се сите мерки за заштита на вработените и купувачите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...