„Студенац“, главниот трговски синџир на Јадранот ги презема дубровничките маркети „Пемо“.
„Пемо“ располага со 35 продавници и има околу 350 вработени.
Откако Агенцијата за заштита на пазарниот натпревар ќе го одобри преземањето и двете страни ќе ги исполнат договорените услови, „Студенац“ ќе стекне 100 отсто сопственост во „Пемо“.
Во минатата година ипол развивме многу атрактивен формат на трговија во Дубровник кој првенствено одговара на потребите на локалните купувачи, но и ги задоволува високите стандарди на туристичка побарувачка. Според тоа, нашите резултати во овој регион се над просекот, станавме значаен играч во регионот и ја засилуваме нашата лидерска позиција на јадранскиот брег, соопштија од „Студенац“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.