Компанијата „Бадел 1862“ ги презема силните алкохолни пијалаци од сплитската компанија „Далмацијавино“, чии брендови ќе ги произведува во своите погони во фабриката во Шибеник, Хрватска.
Како што се наведува во соопштението, „Далмацијавино“ во целост ќе се фокусира на вината и на сокот Pipi.
Договорот бил склучен на 15 јануари, а вредноста на трансакцијата не е објавена.
Со преземањето на брендовите на „Далмацијавино“, „Бадел 1862“ дополнително ја зацврстува својата позиција како најголем производител на алкохолни пијалаци на хрватскиот пазар.
Сметам дека ова е голема работа за хрватската индустрија на алкохолни пијалаци во контекст на заедничката борба против увозот. „Бадел 1862“ има голема амбиција да продолжи да ги продава квалитетните брендови на „Далмацијавино“, кои до сега потешко се продаваа во Загреб и во останатиот дел на Хрватска. Големината на „Бадел 1862“ и продажната мрежа му овозможува нешто што не беше возможно за помалите играчи на тој пазар. Ние сме мала држава со голем увоз и затоа овие аквизиции се позитивни за домашните компании, изјави Лука Диел Задро, директор на „Далмацијавино“.
.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.