Приходите на поранешната групација „Агрокор“ во првите два месеци од годинава изнесуваат 3,1 милијарди куни, а оперативната добивка изнесува 71 милиони куни, објавија од вонредната управа во најновиот месечен извештај.
Податоците од извештајот се однесуваат на работењето на 16 компании во три деловни сегменти на „Агрокор“ - малопродажба и големопродажба, изхрана и земјоделство. Кај сите три сегменти има раст на приходите.
Носител на оперативната добивка од малопродажба и големопродажба беше „Конзум“.
Од 1-ви април, „Агрокор“ го доби називот „Фортенова група“, како и ново, вонредно раководство. Во состав на хрватскиот гигант делуваа вкупно 159 компании.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.