Регион

Се повлече основачот на маркетите „Туш“, бизнисот го остави на синот

05 Mar 2019

Мирко Туш, основач на маркетите „Туш“, го предаде на синот своето место во Управата на „Туш“ и заминува во пензија, за да се посвети на своето здравје по повредите здобиени во тешка несреќа. 

Неговиот син Андраж Туш повеќе години работеше во компанијата на различни функции. 

Продажната мрежа на „Туш“ се состои од 100 продавници и супермаркети, шест Туш „Кеш анд Кери“ продажни места, он-лајн трговија за деловни корисници и четири „Туш Планети“, кои вкупно имаат повеќе од три милиони купувачи месечно. 

Мирко Туш првата продавница ја основа пред 30 години, заедно со сопругата. Денес, групацијата има повеќе од 3.100 вработени и поврзува повеќе од 100.000 работни места во Словенија. 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...