Регион

Во Црна Гора никој нема да работи в недела

04 Feb 2019

Министерството за економија на Црна Гора испрати предлог до Владата за измени и дополнувања на Законот за внатрешна трговија, со кој се воведува неработен ден во недела.

Од министерството велат дека ова ќе важи и во малопродажниот сектор, кој вработува 37.000 лица. В недела маркетите нема да работат. 

Преку подзаконски акти ќе бидат донесени решенија за исклучоци и според основните потреби на граѓаните, соопштија од Министерството за економија на Црна Гора. 

Од таму се додава дека ова решение позитивно ќе влијае врз општите економски активности и квалитетот на животот на поединецот, семејството и на општеството.

Се очекува со овој закон и самите работодавци да ги намалат трошоците, а работниците да бидат поодморени и поспособни за работа. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...