Компанијата „Растодер“ која е 95% во сопствеништво на Изет Растодер, а 5% на неговата сопруга Хајрија Растодер, остварува 85% од сите приходи од продажба на банани од сопствениот бренд Derby.
Неодамна почна забрзано да вложува во купување на имоти, кои сè уште не им донеле приходи, а сега влегува во нов бизнис, преработка на отпад. Според пишувањата на словенечките медиуми, Изет Растодер дал најдобра понуда за купување на преработувачот на отпад „Горење сурвина“ од Марибор, еден од најголемите словенечки преработувачи, со повеќе од 50 години традиција.
„Горење“ повеќе од деценија во рамките на своето работење ја има и компанијата „Горење суровине“, но веќе одредено време се обидува да ја продаде, бидејќи е нестратешка дејност за производителот на уреди во домаќинството. Минатата година „Горење суровине“ оствари приход од 72 милиони евра и добивка од 2,5 милиони евра, а вработува 320 луѓе.
Ако Растодер успее да ја купи оваа компанија, групата на негови компании ќе достигне приход од 250 милиони евра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.