Италијанскиот трговски синџир „Еуроспин“ ќе има многу предизвици при доаѓањето на хрватскиот пазар, коментира експертот за прехранбена индустрија и трговија Борис Тешки.
Тој додава дека во случај на аквизиција на некој од веќе постојните трговски синџири во Хрватска, ситуацијата на малопродажниот пазар би можел од корен да се промени.
Со оглед на тоа дека се работи за вертикално интегрирано работење на деловен модел дисконт, пред „Еуроспин“ се многу предизвици - локациски, логистички, но и кадровски. Затоа не треба да се очекува брз влез на синџирот на хрватскиот пазар, објаснува Тешки.
„Еуроспин“ објави дека планира влез во Хрватска, а доказ за тоа се многубројните огласи за работа, но и за градежни земјишта и комерцијални недвижности со паркинг.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.