„Солана“ од Тузла во првите девет месеци од годинава оствари најдобри деловни резултати од 1992 година.
Во овој период е забележано зголемување на продажбата на сол од 3.500 тон во споредба со истиот период минатата година, додека извозот се зголеми за 13%.
На позитивното работење најмногу влијаеше зголемувањето на продажбата на домашниот пазар на брендот кујнска сол во пакување од 1 кг, по кој е позната „Солана“, за дури 30% во споредба со минатата година. Забележано е и зголемување на продажбата на солта во таблети, за 24%.
Врвните својства на нашата сол се причината за добрите резултати. Секако, и зголемувањето на инвестициите реализирани со текот на годините придонесоа за подобри резултати, а со дополнителни мерки го унапредивме работењето за 30%. Многу е важно што бележиме пораст кај сите готови производи, како на домашниот така и на странските пазари, изјави Бакир Смаилагиќ, директор на компанијата.
Зголемувањето на продажбата на домашниот пазар е проследено и со пораст на пласманот на странските пазари за 13%. Освен на пазарите од регионот, со заеднички настап со „АС холдинг“ остварен е пласман во Катар и во другите земји од Блискиот Исток, а како што истакнува Смаилагиќ, токму извозот е нивната голема шанса за понатамошен развој.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.