Одбележувајќи 25 години работење, годинава „Нелт“ инвестира 15 милиони евра во регионално ширење на интегрирани логистички услуги.
За крајот на годинава компанијата најави дека ќе оствари консолидиран нето-приход во износ од 930 милиони евра.
Во текот на годината е извршена трансформација на управувачката структура на компанијата, а работењето е проширено и на нови пазари. Неодамна „Нелт“ почна со работење во Албанија, со аквизицијата на „Ол Балканс корпорешн“, а истовремено склучи партнерство со „Нектар“ и „Нестле“. На пазарите на Западен Балкан почна со дистрибуција на производите на „Бејби фуд фектори“ – гринфилд-инвестиција вредна 34 милиони евра.
Лидерската позиција и успешноста се резултат на постојното вложување и унапредување на услугите, примена на нови технологии и едукација на вработените. Во иднина планираме ширење и на нови пазари и понатамошен органски пораст, изјави Милош Јелиќ, генерален директор на „Нелт груп“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.