Регион

Прв дистрибутивен центар на југот од Србија

22 Jan 2019

„Конто фрут“ од Лесковац отвори дистрибутивен центар за откуп и складирање на свежо овошје и зеленчук, прв на југот од Србија.

Дневно, дистрибутивниот центар ќе може да прими, класира и да продаде од 100 до 150 тони стока. Центарот е со големина од 420 м² и е финансиран од сопствени средства на компанијата.

Од вкупното извезено количество на ран зеленчук од Јабланичкиот округ, дури 37% поминуваат преку „Конто фрут“ до пазарите во Грција, Бугарија, Хрватска и Романија.

За ова претпријатие индиректно се врзани повеќе од 200 земјоделски стопанства во Лесковац и Лебане, кои 70% од своето производство му ги продаваат на „Конто фрут“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...