Италијанскиот дисконтер „Еуроспин" многу брзо би можел да влезе на пазарот во Хрватска.
Веќе се објавени огласи за работници кои ќе поминат обуки во Италија и во Словенија.
Овој синџир работи и во Словенија, во 49 продажни центри.
„Еуроспин" е отворен во 1993 година и има повеќе од 1.100 објекти, околу 15.000 вработени и 10 дистрибутивни центри. Во асортиманот има повеќе од 2.000 прехранбени и непрехранбени артикли, меѓу кои и предмети за домаќинство.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.