Регион

„Макси“ одбележува 60 години од најстарата продавница

02 May 2018

По повод 60 години од работењето на продавницата во „Цветни трг", најстариот супермаркет во Србија, „Макси" организираше целодневна забава во Белград, наменета за сите, без оглед на возраста. 

„Цветни трг" на еден ден беше единствен времеплов наречен „За старите добри времиња". Голем број посетители имаа можност да се присетат зошто 60-те години беа „луди години", каков беше Белград во тој период, што било во тренд, каква била модата и која музика се слушала. Сето тоа беше организирано по повод прославата на 60 години постоење на продавницата во Србија, соопштено е од компанијата „Делез" - Србија.

Олдтајмерите го привлекоа вниманието на љубителите на ретро автомобили, а супермаркетот „Макси" на посетителите им ги претстави и спортските трендови што пред шест децении биле актуелни. Вниманието на најмладите, пак, го привлекоа детските хорови и проекциите на старите детски цртани филмови. Настанот беше проследен и со концерти на познати музички имиња од Србија.



 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...