Од Управата на „Бадел 1862" си заминува генералниот директор Иво Маркотиќ, а од 1 мај почнува мандатот на новиот претседател - Дарко Кнез.
Во поглед на работењето на „Бадел 1862", приоритетите се јасни - интензивно раздолжување, од една страна, и одржлив пораст на приходите и понатамошен развој на работењето, од друга страна, истакна Кнез, досегашен директор на „Метеор".
Маркотиќ објасни дека е горд на сето тоа што како кризен менаџер го направил во „Бадел 1862", кој трета година работи со добивка, уредно ги извршува своите обврски и на кој кризата во „Агрокор" не влијаеше врз работењето.
Инаку, „Метеор" кон крајот на јануари ги исполни обврските во спроведување на докапитализацијата на „Бадел 1862" и тоа со склучување на договори според кои побарувањата од 184,15 милиони куни се внесуваат во основниот капитал, како и со уплата на средства во висина од 30 милиони куни.
Според тоа, во докапитализацијата на „Бадел 1862", „Метеор" учествуваше со вкупно 215,15 милиони куни и стекна 21.414.842 акции, односно 84,29 отсто од акциите на „Бадел 1862".
Се вчитува следна вест...