Регион

„Агрокор“ продолжува непречено да работи од 15 јули?

23 Apr 2018
Претседателот на Хрватската стопанска комора, Лука Буриловиќ изјави дека спогодбата со руските банки и „Агрокор" ќе овозможи концернот од 15 јули годинава да продолжи непречено да работи. 
 
Тој истакна дека договорот ќе биде реализиран на 15 јули, бидејќи тогаш престанува да важи lex specialis за „Агрокор".
 
Најважно е да се постигне договор за „Агрокор" да продолжи непречено да работи од 15 јули, изјави Буриловиќ. 
 
Според постигнатиот нацрт-договор, „Збербанк" и банката ВТБ би можеле да бидат сопственици на поголемиот дел од концернот, бидијќи би имале од 30% до 46% удел во сопствеништвото.
 
Акционерите на „Агрокор" би поседувале од 23% до 25% од компанијата, домашните околу 10%, а доставувачите околу 8%.

Поради финансиските проблеми на „Агрокор", Владата на Хрватска воведе принудна управа во 2017 година. Тој концерн во регионот вработува околу 60.000 луѓе.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...