Во третиот квартал синдикалната кошничка во Црна Гора изнесува 2.000 евра и е за 6,9% (130 евра) повисока во однос на претходниот квартал, соопштија од Центарот за едукација, информирање и синдикални истражувања.
Потрошувачката кошничка вклучува десет категории на трошоци кои се потребни за едно четиричлено семејство.
Од овие десет категории, пораст е забележан во пет категории: прехранбени производи (+ 3,42), трошоци за издавање (11,4%), трошоци за домување и комуналии (+6,67%), образование и култура (+30,00%) и трошоци за летување (+25,00%).
Преку собирање на цените од трите најголеми трговски синџири во Црна Гора за 135 намирници кои влегуваат во составот на категоријата за прехранбени производи, односно 132 намирници во овој квартал со оглед на сезонскиот карактер на некои од нив, било утврдено дека за прехранбени производи во третиот квартал се издвујувале 605 евра, што е за 3,42 % (20 евра) повеќе од претходниот квартал.
На порастот на цените влијаело и прекинувањето на акцијата на Владата за ограничување на маржата, која беше спроведена во текот на месеците април и мај.
Во оваа акција биле ограничени цените на 43 производи, односно околу 500 артикли.
Извор: eKapija
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.