Регион

Хрватска: Во маркетите ќе се наплаќаат лесните најлонски ќеси за овошје и зеленчук

18 Sep 2024

Раководителката на секторот за управуаање со отпад во хрватското министерство за животна средина, Сања Радовиќ, изјави дека од 1 јануари следната година во Хрватска ќе се наплаќа такса за лесни најлонски ќеси кои вообичаено може да се најдат во одделите за овошје и зеленчук во продавниците.

Лесните најлонски ќеси отсега ќе мора да бидат означени со пораката „Користете ги ќесите умерено“, за да се поттикне свеста за одговорна употреба, а од 1 јануари ќе се воведе задолжителна наплата за овие ќеси. Трговците ќе треба да се погрижат цената на овие ќеси да биде јасно истакната и да не можат да се продаваат на касите, изјави Радовиќ.

За цената на овие ќеси трговците сами ќе одлучуваат бидејќи цената не е однапред пропишана.

Во оваа прилика, Министерството за економија и одржлив развој ги повика граѓаните при купувањето од Нова година да користат свои платнени торби или други предмети за пакување на производите.

 Почнувајќи од 1 јануари 2022 година, во Хрватска е забрането пуштање во промет на лесни пластични ќеси со дебелина до 50 микрометри, со тоа ќе може да се употребуваат  лесни пластични ќеси потенки од 15 микрометри, кои се се користат  од хигиенски причини или како примарна амбалажа за храна на големо, најчесто овошје и зеленчук.

Покрај тоа, пластичните ќеси за повеќекратна употреба подебели од 50 микрометри сè уште може да се користат и продаваат бидејќи повторената употреба помага да се спречи отпадот.

 

Извор: Seebiz

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...