Регион

Словенија: Пуштена е во употреба новата фотонапонска електрана на „Фруктал“

12 Sep 2024

Како дел од својата стратегија за одржливост, „Фруктал“ ја пушти во употреба новата соларна фотонапонска електрана во својата фабрика во Ајдовшчина.

Соларните панели се поставени на покривот на фабриката за овошни  производи и на управната зграда. Тие имаат капацитет за производство на 650 мегават часови електрична енергија, што е 15% од вкупната електрична енергија за потребите на „Фруктал“.

Овој проект претставува нов чекор за наша компанија кон јаглеродната неутралност. Зголемувањето на уделот на енергијата од обновливите извори, рационализацијата на потрошувачката на електричната и топлотната енергија, покрај рециклирањето на пластичната амбалажа и употребата на амбалажа од растително потекло, претставува важна цел за нас, изјави Горан Медиќ, директор на „Фруктал“.

Од компанијата додаваат дека оваа година исто така планираат да постават соларни панели на крововите на своите складишните објекти и на  погони во Ајдошчина со годишен капацитет од 850 мегават часови.

 Со ваквиот потег компанијата очекува од обновливи извори да произведе една третина од годишната потрошувачка на електрична енергија.

 

Извор: InStore

Фото: „Фруктал“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...