Регион

Хрватска: Отворена нова продавница на „Бипа“ во Лабин

23 Aug 2024

Отворена е нова „Бипа“ продавница во Лабин, која е 141. продавница  на компанијата.

Благодарејќи на континуираното инвестирање во ширење на продажната мрежа, ги отворивме вратите на продавницата во Лабин, на адреса Пулска 2б, соопштуваат од компанијата на својот профил на „Линкедин“.

Од отворањето на нашата прва продавница, постојано инвестираме во експанзија за „Бипа“ да биде на дофат на секој купувач. Во континуираната експанзија, се трудиме на сите наши купувачи да им обезбедиме најдобро искуство во купувањето преку модернизација на продавниците и во понудата на производите кои ги задоволуваат сите нивни потреби. Сето тоа не би било возможно без нашите вработени за чие што задоволство се грижиме во секој миг, истакнуваат од компанијата.

По повод отворањето на новите продавници, за купувачите во Лабин биле подготвени попусти и поволности на избран дел од асортиманот.

 

 Извор/Фото: „Бипа“/Линкедин



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...