Трговскиот синџир „Гомекс“ го отвори својот прв маркет во Ѓурѓево, а повторно ги отвори вратите и на својата реновирана продавница во Шабац.
Жителите на Ѓурѓево ја добија првата продавница на „Гомекс“ која е лоцирана на адресата Крал Петар I, 53. Оваа продавница е над 300 квадратни метри и во неа се нуди широк асортиман на производи, вклучувајќи свежо овошје и зеленчук, како и леб и пецива од сопствената пекарница.
После повеќенеделно реновирање повторно е отворена и новата модернизирана продавница на „Гомекс“ во Шабац која се наоѓа на улицата Јанко Стојичевиќ.
„Гомекс“ продолжува со ширењето на својата мрежа и унапредувањето на услугите, со цел на своите купувачи да им го овозможи најдоброто купувачко искуство, соопштуваат од компанијата.
Извор: InStore.rs
Фото: „Гомекс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.