Во продавниците на „Шпар“ и „Интершпар“ во Хрватска од денеска се достапни нови крафт пива.
Новите крафт пива се во три различни вкуса, тие се во лименки од 440 мл и содржат 4,8% алкохол. SPAR Pale Ale е од амерички хмељ и цитус кој содржи нежни грејп ноти, SPAR Session IPA е со силни тропски ноти на ананас и цитрус и SPAR Hoppy Lager е спој од ИПА и Лагер стилот со слатки ноти од манго и портокал.
Покрај освежувачката арома, забележлива е амбалажата на која се три интересни ликови.
Овие крафт пива настанаа во соработка со „Д Гарден бревери“.
Извор/Фото: Instore.hr
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.