Регион

Србија: „Апатинска пивара“ и „Секопак“ со заедничка поддршка за рециклирањето

24 Jul 2024

Темите за рециклирање, заштита на животната средина, како и одговорно консумирање алкохол беа во фокусот на „Апатинската пиварница“   на јубилејната 30. регата Дрина, на која повеќе од 2.000  учествуваа над 2.000 чамци кои се спуштаа  од Перуќа до Рогачица.

Една од главните цели на регатата е зачувување и унапредување на екологијата и природните убавини на реката Дрина, а во согласност со тоа, „Апатинска пиварница“ со години го свртува вниманието за важноста на рециклирањето, заедно со операторот за амбалажниот отпад, „Секопак“, за време на кампањата „Рециклирај, уживај и спаси ја Дрина од отпад“. Во рамките на оваа акција и годинава беа испратени на рециклирање стотици килограми од амбалажен отпад.

 Со цел да се создаде еколошка свест кај граѓаните, поставивме инфраструктура за сепарација на амбалажниот отпад на регатата на Дрина. Кога ќе се рециклира, тој отпад може да добие нова форма и цел и затоа ни е драго што голем број посетители ја поддржаа акцијата. Само со заедничка посветеност и доследност можеме да ја зачуваме нашата животна средина, соопштуваат од  „Секопак“.

Во исто време, „Апатинска пиварница“ заедно со сообраќајната полиција на „МУП“ – Србија и Агенцијата за безбедност во сообраќајот во текот на овој настан ја спроведоа и кампањата „Не возам кога пијам“, упатувајќи апел на одговорно однесување во сообраќајот и одговорна конзумација.

Нашата цел е да ги едуцираме посетителите за важноста на одговорното консумирање алкохол и безбедноста во сообраќајот секогаш кога е можно, особено на настани од ваков тип. И оваа година заедно со нашите долгогодишни партнери од Управата за сообраќајна полиција при „МУП’ и Агенцијата за безбедност во сообраќајот спроведовме активации во заедничка мисија да придонесеме за едукација на сите учесници во сообраќајот, соопштуваат од „Апатинска пиварница“.

Извор: Instore.rs

Фото:Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...