Во текот на овогодишеното првенство, повеќето од навивачите натпреварите ги гледаа сами од дома, наместо да се собираат во поголем број и да пијат, изјави Мајк Хубнер, претставник на компанијата.
Компанијата пријавила продажба на околу 8 милиони хектолитри пиво во јуни, што е помалку во споредба со истиот период лани, како и со јуни во 2006 година, кога Германија беше домаќин на Светскиото првенство во фудбал, кога била остварена продажба на околу 11 милиони хектолитри.
Пиварницата е со седиште во западногерманската покраина Сарланд и за првата половина од годинава пријави дека остварила пораст на обемот на продажбата за 4 отсто.
Извор: dpa
Фото: „Велтинс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.