Регион

„Подравка“ достави обврзувачка понуда за земјоделските компании на „Фортенова“

18 Jun 2024
„Подравка“ преку Загрепската берза објави дека доставила обврзувачка понуда за откуп на деловни акции во земјоделските компании кои работат во рамки на групацијата „Фортенова“.
 
Станува збор за компаниите „Белје“, ПИК „Винковци“ и „Вупик“.
 
Претходно „Фортенова“ изјави дека по добивањето на голем број необврзувачки понуди за преземање на деловната област во земјоделството и дополнителни разговори со понудувачите, поканувајќи одреден број избрани понудувачи да продолжат да учествуваат во процесот со извршување на длабинско деловно снимање. Сега, решија да продолжат со следната фаза од потенцијалната процедура за продажба.
 
Процесот на испитување на интересот, како што наведоа, почнал со испраќање информативен материјал на адресите на потенцијално заинтересираните купувачи, а пазарното тестирање преку необврзувачки понуди покажало постоење на голем интерес за преземање на компании од земјоделската деловна област. Станува збор за земјоделски бизнис кој е значаен во вкупното земјоделско производство во Хрватска и во кој „Фортенова“ значително инвестираше во последните години, а со тоа ја зголеми својата вкупна вредност.
 
Претходно и од „Подравка“ известија дека почнале со процес на длабинска анализа при продажбата на земјоделските компании на групацијата и дека дури по завршување на процесот на длабинска анализа ќе донесат одлука за потенцијално поднесување обврзувачка понуда.
 
 
Фото: Подравка


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...