Компанијата отвори нов хипермаркет „Бинго“ во рамките на градско-станбената деловна зграда Нова Пецара.
Новиот хипермаркет располага со 1.720 метри квадратни продажен простор и седум фискални каси.
Купувачите ќе можат да уживаат во свежата линија на производи, вклучувајќи месарница, сувомеснати и пекарски производи, како и избран асортиман на непрехранбени производи како што се текстил и производи за домот. Со гордост можеме да истакнеме дека во новиот хипермаркет ќе работат 55 работници, со што ја продолжуваме мисијата за развој на нашата заедница, изјави Татјана Пауноски, раководител на секторот за трејд-маркетинг во „Бинго“.
Воедно, компанијата е инвеститор и на целиот новоизграден станбено-деловен комплекс Нова Пецара.
Градежниот проект на овој комплекс, кој се состои од 5 ламели и има 176 станбени единици, траеше две и пол години и вклучуваше ангажман на 76 домашни компании.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.