Регион

Србија: Во Белград се спроведе меѓународна кампања за рециклирање

12 Jun 2024

Овој месец  во Белград и уште во 15 градови низ светот  се спроведува меѓународната кампања за рециклирање „Интернешнл ресајклинг тур“, во која граѓаните се повикуваат да рециклираат со цел да се заштити животната средина и да се ублажат климатските промени, а сето тоа по повод Светскиот ден за заштита на животната средина.

 Кампањата за подигање на свеста има за цел да ја истакне важноста од рециклирање на лименки со пијалоци со цел да се заштедат вредни ресурси и да се ублажат климатските промени. Рециклирањето на само 1 тон алуминиум може да заштеди 9 тони емисии на CO2 и да заштеди 4 тони боксит, која основна  суровина за производство на алуминиум.

 Во близина на познатото белградско шеталиште, заедно со промоторите на проектот, кои на грб носеа ранци во кои можеше да се чува искористена алуминиумска амбалажа, улични уметници насликаа големо платно направено од 2.000 алуминиумски лименки за пијалаци.

Лименката е амбалажата која најмногу се рециклира во светот, во Европа дури 76%, но таа бројка би можела да достигне 100%. Лименките кои се користат за носење имаат најмал процент на рециклирање, па со нашата кампања сакаме да ги мотивираме и инспирираме луѓето да се однесуваат одговорно, да ги фрлаат лименките на вистинското место за да можат да се рециклираат и на тој начин да го намалиме загадувањето и генерирање отпад, изјави Немања Марјановиќ.

 Нашата визија е да постигнеме 100% глобално рециклирање на алуминиумски лименки за пијалоци! Секоја рециклирана лименка може да се врати на полицата за само 60 дена, а кампањите како оваа придонесуваат за реализација на оваа визија, демонстрирајќи ја моќта на колективното дејствување за создавање на вистинска циклична економија во корист и на луѓето и на природата, рече Дејвид Ван Хеуверсвен, директор на проектот „Се смета на секоја лименка“.

Државите кои учествуваат во овој проект се: Белгија, Бразил, Чешка, Франција, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Црна Гора, Холандија, Полска, Романија, Србија, Шпанија, Обединетите Арапски Емирати и Велика Британија.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...